САД ја зголемија царината на кинескиот увоз

70

Претседателот на САД, Доналд Трамп наложи да се почне со зголемување на царините на производите од Кина во вкупна вредност од околу 300 милијарди долари годишно, изјави трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтхајзер.

-Претходно денеска по налог на американскиот претседател го подигнавме нивото на тарифите од 10 на 25 проценти за кинескиот увоз во износ од околу 200 милијарди долари. Претседателот нареди да почнеме со процес на подигнување на царините и на останатиот увоз од Кина, кој се проценува на околу 300 милијарди долари годишно, изјави Лајтхајзер.

По притисокот на медиумите и јавноста, Трамп се огласи на „Твитер“, објаснувајќи зошто се одлучил на овој чекор.

-САД и продаваат на Кина стока и производи за само 100 милијарди долари, што е многу голем дисбаланс, рече Трамп.

Тој порача дека тарифите ќе придонесат за земјоделството во САД и ќе ги мотивираат фармерите да работат подобро и побрзо, а дел од нивните земјоделски производи ќе испраќаат во сиромашните земји во форма на хуманитарна помош.