САД тестира новa воена стратегија во Европа

165

Неколку стотици американски војници денеска пристигнаа во Германија во прв тест на стратегијата за брзо распоредување, која има за цел јакнење на присуството на НАТО во источна Европа во случај на руска агресија или други вонредни ситуации, пренесува МИА.

Армијата на САД во Европа соопшти дека 350 војници од Првата оклопна дивизија денеска пристигнале во Берлин како дел од група од 1.500 луѓе која ќе стигне оваа недела.

Тие се упатиле кон Полска, каде ќе се поврзат со тенковски и други тешки единици кои се доведени од нивните претходно одредени позиции во Холандија, а потоа ќе спроведат маневри со полските сили.

Идејата за стратегијата за динамично ангажирање на силите е за тие да бидат подготвени за борба и брзо да се насочат во Европа, доколку тоа е потребно.

САД, Канада, Германија и Британија веќе командуваат со единици со големина на баталјон во Полска, Летонија, Литванија и Естонија.