САД со нови санкции кон приврзаниците на исламскиот екстремизам

21

Нови санкции за борба против тероризмот на САД за широк спектар терористи и нивни приврзаници беа објавени во вторникот вечерта во пресрет на комеморациите за терористичкиот напад на 11 септември, пренесува „Брејтбарт“.

Меѓу санкционираните се 15 лидери, поединци и субјекти поврзани со групи како што се палестински Хамас, Ал Каеда, Исламска држава и иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Санкциите беа применети со употреба на нови алатки од извршна наредба што неодамна ја ажурираше американскиот претседател Доналд Трамп.

Една од споменатите целите по име е Мухамед Саид Изади, идентификуван од Министерството за финансии како „шеф на палестинската канцеларија на ИРГЦ-КФ Либан Корп.“

ИРГЦ е формирана во 1979 година во пресрет на Исламската револуција, со мисија за одбрана на режимот од домашни и меѓународни закани и е обвинета за обезбедување материјална поддршка на Хамас и на либански Хезболах.

САД ја означија ИРГЦ за терористичка организација во април, тврдејќи дека таа е „основно средство на иранската влада за насочување и спроведување на нејзината глобална терористичка кампања“.

Захер Јабарин, шеф на канцеларијата за финансии на Хамас, исто така е на списокот на Вашингтон. Новите санкции се дел од кампањата на администрацијата на Трамп за економски и дипломатски мерки против Иран откако еднострано се повлече минатата година од меѓународниот договор ЈЦПОА.