САД сакаат да воведат царини на европска стока вредна 7,5 милијарди евра

56

Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека САД можат да наметнат давачки за европски производи во вредност од 7,5 милијарди американски долари поради нелегални субвенции кои Европската Унија ѝ ги дала на авиокомпанијата „Ербас“.

Европската комисија соопшти дека наметнувањето санкции за стоки од ЕУ би било „кратковидо и контрапродуктивно“ и дека постои опасност од штета за двете страни.

СТО тврдеше дека „Ербас“ и американскиот „Боинг“ добиле нелегални субвенции од повеќе милијарди долари.

Во следните денови се очекува Вашингтон да претстави прелиминарен список на стоки што ќе подлежат на царински давачки.

Пред воведување на какви било санкции, Управата за решавање спорови на СТО мора да донесе арбитражен извештај и овој процес може да трае помеѓу десет дена и четири недели.

Следниот состанок е закажан за 28 октомври, но Вашингтон би можел да бара вонредна седница десет дена по објавувањето на извештајот на арбитерот, што може да биде порано од 12 октомври.