САД под закана од зимската бура „Петра“

176

Повеќе од 200 милиони Американци се на удар од голема бура, со силни врнежи од дожд и снег, но и мраз, кој може да предизвика големи проблеми, пишува „Ју-ес-еј-Тудеј“.

Весникот наведува дека зимската бура „Петра“ ќе зафати 39 американски сојузни држави, вклучувајќи ги сите источно од реката Мисисипи.

Метеорологот од Акју Ведер, Елиот Абрамс вели дека целата земја ќе биде зафатена со снег, мраз и поплави.

Акју Ведер предупредува дека неколку сантиметри снег ќе има во Канзас Сити во Мисури, Омаха во Небраска, Де Мојн во Ајова, како и во градовите Минеаполис и Дулут во Минесота.

Посебна опасност, како што се наведува, ќе претставува ледениот дожд во Индијана, Охајо, во Пенсилванија, како и на планините во Западна Вирџинија и Северна Каролина.