САД подготвуваат нови санкции за Ирачаните

51

САД подготвуваат нови санкции поради убиствата на антивладините демонстранти во Ирак, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент.

– Не сме готови. Процесот е во тек – им рече на новинарите Дејвид Шенкер, помошник-државен секретар во Стејт депармтентот, пренесе „Ројтерс“.

САД, претходно денеска, на црната листа ставија тројца ирачки паравоени лидери, кои го поддржуваат Иран, поради нивната наводна улога во убиствата.