САД не можат да ги предвидат последиците од санкциите кон Русија

182

Американскиот Стејт департмент не може да предвиди какви последици ќе има од новите санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Неименуван извор од Стејт департментот наведе дека „мошне е тешко да се прогнозира ефектот“ од вториот пакет санкции поврзан со употребата на хемиско оружје во случајот на двојниот шпион Сергеј Скрипал. Вториот пакат санкции ќе стапат во сила за три месеци доколку Русија не исполни одредени услови според Законот за елиминација на последици од биолошко и хемиско оружје.

Првиот пакет санкции е планиран да се воведе на на 22 август.

Од Стејт департментот укажаа дека доколку Русија исполни низа услови во врска со нападот со хемиско оружје во Солзбери, САД можат да ги повлечат ограничувачките мерки.