САД нема да стојат настрана во Венецуела

96

Државниот секретар Мајк Помпео денеска ја предупреди Русија дека САД нема да „стојат настрана” додека Москва распоредува воен персонал во Венецуела за поддршка на режимот на претседателот Николас Мадуро.

Во телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Помпео ја осуди растечката руска воена поддршка, оценувајќи дека ја продолжува политичката криза во таа јужноамериканска земја.

Помпео му рекол на Лавров дека „САД и земјите од регионот нема да стојат настрана додека Русија ги разгорува тензиите во Венецуела”, се наведува во соопштението од Стејт департментот, во кое се цитира разговорот.

-Континуираното воведување руски војници за поддршка на незаконскиот режим на Николас Мадуро во Венецуела ризикува да ги продолжи страдањата на Венецуелците кои го поддржуваат привремениот претседател Хуан Гуаидо, рече потенцирал Помпео..

Гуаидо е поддржан од САД и повеќето земји од Латинска Америка и Европа, но не од Русија и Кина.

Помпео ја повика Русија „да го запре своето неконструктивно однесување” и да го поддржи Гуаидо.