САД загрижени поради турската набавка на руски ракетен систем С-400

464

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради плановите на Турција за набавка на рускиот ракетен систем земја-воздух С-400.

– Според договорите во НАТО, Турција треба да набавува оружје и воена опрема кои се компатибилни со останатите партнери на НАТО. Со оваа набавка тоа не е случај, изјави портпаролката на Стејт департметот, Хедер Нојерт.

Според извори во Стејт департментот, иако САД и Турција имаат одлична соработка во секторот одбрана, Вашингтон ќе продолжи да ја искажува својата загриженост во врска со најавената набавка на С-400.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела во Брисел, исто така, изрази загриженост поради набавката за време на средба со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавошоглу.

– Државниот секретар ја истакна сероиозната загриженост на САД ако тие го реализираат овој план, изјави американски официјален претставник по средбата Помпео-Чавушоглу, која се одржа за време на минатонеделниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО фокусиран на односите со Русија и начините за засилување на Алијансата.

Нојерт ја истакна и американската подршка за подобрување на состојбата со слободата на медиумите во Турција, земја која има затворено најголем број новинари.

– Ова прашање го поставивме многупати досега директно до Владата на Турција и преку разни институции, со цел да се запре репресијата врз новинарите во Турција, изјави Нојерт.