САД депортирше повеќе од 50.000 Мексиканци

467

Во првите три месеци од годината САД депортирале 53.746 Мексиканци, што е за 40 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопштија мексиканските власти.

Во исто време борците за човекови права ја повикуваат мексиканската Влада да издвои повеќе средства за поддршка на растечкиот број депортирани мексиканци.

Јунис Рендон од Организацијата „Мигрантска агенда“ денеска изјави дека Мексико мора да издвои дополнителни финансиски средства за реинтеграција на депортираните граѓани.

– Колку мигрантите подолго живееле во САД, толку врските што ги имаат во Мексико им се послаби- истакна таа. 

Американските медиуми јавуваат дека бројот на депортирани лица паднал во првата година од мандатот на Доналд Трамп но овогодинешните бројки го надминале вкупниот број депортирани во истиот период во 2016 година која беше последна година од администрацијата на претходникот на Трамп, Барак Обама.