САД го обвини Иран за оштетените нафтени танкери во Оманскиот Залив

273

Американски истражувачи веруваат дека Иран или групи поддржани од оваа земја искористиле експлозиви за да оштетат четири бродови во близина на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесуваат повеќе светски медиуми.

Според информациите, воени експерти биле испратени за да го истражуваат инцидентот и пронашле големи дупки во конструкциите сите танкери. Засега, нема цврсти докази дека на Иран на некој начин се вкучени во инцидентот, ниту пак засегнатите земји обвинија некого за овие случувања.

Инцидентот ги зголеми тензиите меѓу Иран, кој граничи со теснецот Хормуз, и Соединетите Држави. Околку една петтина од вкупната нафта која се користи на светско ниво минува низ ова место, а минатиот месец Иран се закани дека ќе го затвори теснецот, ако САД им издадат забрана за користење на оваа локација за пренос на нафта.

Досега, не се објавени многу информации за инцидентот кој се случи во неделата, во водите кои се под контрола на ОАЕ, во Оманскиот Залив. Во настаните немаше повредени, но Саудиска Арабија објави дека два од четирите брода биле значително оштетени во случувањата.

Два од танкерите пловеле под саудиско знаме, еден под норвешко, а според неофицијални информации, четвртиот под знамето на ОАЕ.