САД воведуваат нови мерки за сузбивање на илегалната миграција

61

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп најави нови поостри мерки за сузбивање на илегалната миграција во Соединетите Американски Држави.

Новите одредби опфаќаат скратување на зелената карта за имигрантите кои користат здравствена помош, бонови за храна и сместување или други видови на државна помош, пренесе „АП“.

Според досегашните федерални закони, луѓето кои бараат дозвола за постојан престој треба да докажат дека нема да бидат товар за општетсвото, но новите правила воведуваат широк спектар на програми чиешто користење ќе се проценува за време на утврдувањето на правниот статус.

Правилата ќе стапат на сила во октомври.

„Њујорк тајмс“ наведе дека САД сакаат имигранти кои можат да се издржуваат, а не оние, кои според одредбите, зависеле од јавните ресурси за задоволување на своите потреби.