САД воведоа санкции против 12 руски фирми

96

Американското Министерство за трговија воведе санкции против 12 руски компании кои, од перспектива на Вашингтон, работат спротивно на интересите на националната безбедност на САД.

На црната листа на американското Министерство за трговија, компаниите „Аерокомпозит”, „Нилко груп”, „Дајвтехносервис”, Научно-продукциска компанија „Гама”, научно-истражувачки институт „Вектор”, научно-продукциска компанија „Технологија” – производствена компанија за подводни активности „Океанос”, дизајнерско биро „Авиадвигател”, група на компании „Инфотекс”, фирма „Сајрус Системс”, научно-производствена корпорација „Системи за прецизни инструменти” и претпријатието „Вега”.

За сите овие фирми ќе важи забраната за извоз на американски производи со двојна намена.