САД, Велика Британија, ОАЕ и Саудиска Арабија се заложија за дипломатско решение на кризата со Иран

46

САД, Велика Британија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се заложија за дипломатско решение на кризата со Иран.

– Го повикуваме Иран да ги прекине сите активности кои би можеле да ја загрозат регионалната стабилност и ги повикуваме на дипломатско решение за да се смири напнатоста – се наведува во заедничкото соопштение на овие земји.

Четирите земји истовремено изразија загриженост поради нападот на бунтовниците од Јемен на саудискиот аеродром каде во неделата загина едно лице.