Руското летало со хуманоиден робот слета на Меѓународната вселенска станица

55

Руското вселенско летало „Сојуз МС-14“ во кое се наоѓа хуманоидниот робот, наречен Федор, денес слета на Меѓународната вселенска станица.

Директорот на рускиот Роскосмос, Дмитриј Рогозин, изјави пред новинарите дека Федор ќе се врати на Земјата според предвиденото на 7 септември.

– Има доволно време да ги извршиме планираните тестови и да се вратиме на Земјата на 7 септември – рече тој.

Андроидниот робот Фердор е создаден во соработка со „Андроид техник“ и Руската фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка на руското Министерство за вонредни состојби.