Руски авион принудно слета во Баку поради сомнеж за поставена бомба

141

Патнички авион на руската авикомпанија „Урал Ерлајнс“ на лет од Доха до Москва, денеска принудно слета на аеродромот во азербејџанскиот главен град Баку, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.

Како што соопшти Управата на аеродромот во Баку, авионот го извршил принудното слетување откако членовите на екипажот се посомневале дека е можно во леталото да е поставена бомба.

Во авионот имало 225 патници и членови на екипажот.

Во тек е проверка на леталото, се наведува во соопштението на аеродормската прес-служба.