Рускиот систем „c-400“ стигна во Турција

511

Турската одлука да продолжи со купопродажбата на рускиот систем „с-400“ се очекува да ги налути САД, кои предупредија дека Анкара не може да ги има и руските ракети и американските авиони „ф-35“. Турција и САД се сојузници на НАТО, но Анкара ги подобрува и односите со Москва.

Турција потпиша договор за купување 100 американски „ф-35“ и инвестираше многу во програмата за авионите. Но САД не сакаат нивните „ф-35“ да бидат во близината на рускиот систем „с-400“, зашто стравуваат дека руските експерти ќе имаат пристап до слабостите на „ф-35“, посочува Би-би-си.

На повидок е голема поделба на Вашингтон со еден од неговите клучни сојузници во НАТО. САД веќе ги прекинаа испораките на авионот во Турција и ја прекинаа обуката на турските пилоти. Исто така, се најавува и целосно отстранување на Турција од програмата, која произведува делови од „ф-35“ и би требало да биде регионален центар за одржување на авионот. Турција, пак, најави дека во иднина би можела да купува руски авиони.