Руска авиокомпанија размислува за воведување места за стоење во своите авиони

333

Руската нискобуџетна авиокомпанија „Победа“ размислува за воведување места за стоење во своите авиони, соопшти компанијата.

– Размислуваме за уредување патничка кабина која ќе ја зголеми ефикасноста и ќе влијае на тоа да се продаваат што е можно поголем број евтини билети, велат во „Победа“, чија флота во моментов има 18 авиони Боинг 737-800, а до крајот на 2019 година планира бројот на авиони да го зголеми на 30.

Италијанската компанија Авиоинтериорс, исто така, размислува за воведување места за стоење, така што покрај вообичаените седишта ќе монтира исправени потпирачи за грб со хоризонтално плитко седиште во висина на бутот и два држачи за раце.

Производителот на потпирачите за стоечките места во авионите тврди дека нивните потенцијални купувачи „ќе го подобрат распоредувањето на патниците“ и нагласува дека се двојно полесни од класичните седишта. Со нивна употреба авионите можат да превезуваат 20 отсто повеќе патници.