Русија со докази за британска вмешаност во хемискиот напад во Дума

1854

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека има докази дека Велика Британија е вмешана во организирање на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума минатиот викенд.

– Имаме доказ кој покажува дека Британија директно е вмешана во организирање на таа провокација во источна Гута – изјави Игор Конашенков, портпарол на МО на Русија.

Според него, министерството пронашло луѓе кои учествувале во снимањето на хемискиот напад во Дума и дека укажале како е направена снимката.

Тој уште додава дека Лондон во периодот од 3 до 6 април вршел притисок врз претставници на Белите шлемови да побрзаат со извршување на планираната провокација.