Русија регистрира вакцина против ковид-19, Западот скептичен?

52

Русија соопшти дека станала првата земја во светот што дала регулаторно одобрување на вакцина за ковид-19, потег што Москва го оцени како доказ за нејзината научна моќ. Заменичката на рускиот премиер Татјана Гољикова изјави дека индустриското производство на вакцината ќе почне во септември, а овој месец голем дел од здравствените работници ќе ја примат вакцината каде што подоцна во деновите што следат ќе има масовна вакцинација на населението.

Во меѓувреме западните експертите стравуваат дека ова сѐ повеќе личи на трка што не води кон справување со пандемијата. Германското министерство за здравство изрази сомнеж за „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против коронавирусот, што завчера го објави рускиот претседател Владимир Путин, јави РСЕ. Во исто време повеќе од 150 можни вакцини се развиваат низ целиот свет во обидот да се запре пандемијата. Најмалку четири, според податоците на СЗО, се во завршна фаза на испитувања врз човекот, односно во фазата 3.