Русија отфрла било каква вина за новото труење кај Солсбери

159

Руската амбасада во Холандија, која е задолжена за соработка со Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), преку Твитер порача дека ги отфрли обвиненијата оти новиот случај на труење на двајца Британци кај Солсбери е предизвикан од руски нервен отров.

Маж и жена идентификувани како Џоан Старџис и Чарли Роули беа пронајдени во бессознание во саботата во близина на Солсбери и се смета дека биле во допир со преостанати количества од отровот „новичок“.

Британското контраразузнавање потврди дека повредите на Старџис и Роули се предизвикани од овој отров.

Пребегнатиот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март беа затруени од овој отров во Солсбери, но го преживеаа нападот за кој Велика Британија ја обвини Русија. Русија целосно негираше вмешаност.