Русија и САД ќе разговараат за судбината на Венецуела под сменети услови?

267

Иднината на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ќе биде одредена од страна на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кои денеска ќе се сретнат во Русија за да дискутираат за судбината на Венецуела, пренесува британски „Телеграф“.

Помпео во неговата прва посета на Русија како секретар на САД, патува во Сочи со сознанието дека Путин нема да го поддржи Мадуро, според британскиот весник.

До неодамна Русија гледаше на Венецуела како на бесценет геополитички дијамант со богати ресурси, лоциран на важна крстосница, односно како држава за која вреди да се бори.

Но, се верува дека Путин го известил американскиот претседател Доналд Трамп во долг телефонски разговор на 3 мај, дека е подготвен да преговара за заминување на заминувањето на Мадуро.

– Основна цел на повикот беше да се помогне на народот во Венецуела – изјавила Сара Хакаби Сандерс, порпаролката на Белата куќа. Претседателот Трамп дал повеќе информации за телефонскиот разговор.

– Путин нема интерес да се меша во Венецуела, тој само сака да се случи нешто добро за државата. И јас го дела истиот став. Сакаме да обезбедиме хуманитарна помош. Во моментов луѓето велат дека гладуваат. Немаат храна и вода – изјавил Трамп.

Венецуелската опозиција предводена од Хуан Гваидо организираше неуспешен пуч на 30 април, во обидот да го симне Мадуро од власт.