Русија и Америка заеднички се борат против тероризмот

77
Сергеј Наришкин

Руските и американските разузнавачки агенции ја продолжуваат соработката во борбата против тероризмот, изјави денеска директорот на руската Надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин.

– Ние работиме особено со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Нашата соработка ја опфаќа борбата против меѓународниот тероризам – рече Наришкин.

Тој додаде дека Надворешната разузнавачка служба продолжува да соработува со другите земји во борбата против тероризмот.