Русија евакуира 30-тина деца на припадници на ИД од Ирак

46

Со специјален лет од Багдад евакуирани се 30-тина деца на државјани на Русија кои се припадници на терористичката група Исламска држава.

Локалните медиуми јавија дека тие синоќа слетале на аеродромот „Раменскоје“ во близина на Москва.

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров на својот профил на Телеграм напиша дека децата се спасени од притвор во Ирак каде што биле со своите мајки. Тој информира дека 24 деца се од Дагестан, три се од Чеченија, а останатите од Москва и Пенза.

На четиричасовниот лет биле 16 девојчиња и 14 момчиња на возраст од три до 15 години, и биле придружувани од рускиот омбудсман за заштита на правата на децата Ана на Кузњецова, како и од спасувачи, лекари и психолози.

Специјална комисија составена од претставници на неколку руски министерства процени дека околу 700 деца се однесени на Блискиот Исток со одлука на нивните родители.