Русија доби нова влада

80

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес ја одобри новата влада во земјата во која остануваат повеќе министри од претходниот мандат мандат, но со нов министер за економија и нов прв вицепремиер.

Новата влада е формирана по помалку од седум дена откако Путин откри големи промени во политичкиот систем што доведоа до оставка на тогашниот премиер Дмитриј Медведев и целата негова влада.

По оставката, Медведев беше именуван за заменик претседател на Советот за безбедност, тело кое го води Путин.

Потоа, Путин го избра 53-годишниот Михаил Мишустин, поранешен шеф на даночната служба, за нов премиер на Русија. Економскиот советник на Путин од 2013 година Андреј Белошов ќе биде новиот прв вицепремиер, а нов министер за економија ќе биде поранешниот регионален гувернер Максим Решетников.