Русија го сопре увозот на месо од четири компании од Србија

163

Руските власти одлучија привремено да го сопрат увозот на месо и месни производи од компаниите Матијевиќ, Биг бул фудс, Златиборац и Карнекс поради „сериозни неправилности” забележани во текот на инспекцискиот надзор.

Во одлуките на руската инспекција објавени на веб-страницата на институцијата, се наведува дека привременото ограничување на испораката на производи на четири српски компании се воведува врз основа на инспекцискиот надзор спроведен од 15 до 19 април. Привремената забрана ќе стапи на сила на 4 јуни.