Русија ги покани земјите од НАТО на „Армиските игри 2020“

155

Руското Министерство за одбрана покани 90 земји, вклучително и членки на НАТО, да учествуваат на Меѓународните армиски игри во 2020 година, рече министерот Сергеј Шојгу на состанокот на Организацискиот комитет на еден од најголемите воени спортски натпревари.

Тој истакна дека смотрата треба да се одржи помеѓу 23 август и 5 септември.

„Поканите се испратени во 90 земји, вклучувајќи ги и членките на Северноатлантскиот пакт“, рече Шојгу.

Тој кажа дека повеќе од 20.000 војници од 40 земји учествувале на овие игри во изминатите пет години, пренесува ТАСС.

Шојгу додаде дека во 2020 година се очекуваат 250 тимови со вкупно 6.000 луѓе.