Русија ги ослободи украинските морнари

245

Украинските морнари што се обвинети за нелегално преминување на руската граница во Керчкиот Теснец се ослободени.

Тие се ослободени со лични гаранции на комесарот за човекови права на украинската Рада, Људмила Денисова.

Адвокатот на еден од морнарите, Денис Гриченко, рече дека Денисова гарантирала дека сите 24 морнари ќе учествуваат во сите идни истражни активности на Русија.

Меѓу 35-те украински затвореници што ќе бидат пренесени денес од Москва во Киев е и режисерот Олег Сенков.

Со ова почнува долгоочекуваната размена на затвореници што ја најавија лидерите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.