Русија бара одобрение за нов мировен договор со Северна Кореја

40

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека се надева оти новиот план што го подготви Москва за да ги смири тензиите на Корејскиот Полуостров ќе помогне да се постигне успех, објави новинската агенција РИА.

– Го договоривме нацрт-планот со нашите кинески партнери и им го покажавме на претставниците на САД, Јужна Кореја и на Северна Кореја – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Игор Моргулов.

– Очекуваме дека по одобрувањето на документот од сите страни, ќе успееме да оствариме вистински напредок во решавањето на проблемот на Корејскиот Полуостров – рече тој.