Русија бара за утре состанок на Советот за безбедност

850

Русија побара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата во Сирија. 

– Приоритет е да се избегне опасност за војна – изјави претходно рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, по седница на СБ посветена на Сирија.

Тој ги повика САД и сојузниците да се воздржат од воени дејствија против Сирија заради наводниот хемиски напад во Дума.

На состанокот не била разгледана нацрт-резолуцијата на Шведска за мисија на ОН за хемиско разоружување на Сирија.