Русите ги сослушале притворените украински морнари

185

Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека ги сослушала украинските морнари притворени после инцидентот во Керченскиот Теснец.

ФСБ објавила и снимка од сослушувањето, јавија руските медиуми.

Руската армија вчера отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.

Москва меѓутоа смета дека нејзините сили дејствуваше во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.

– Се работи за инвазија на странски воени бродови во територијалните води на Руската Федерација – истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Керченскиот Теснец се наоѓа меѓу територијата на Русија и Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектира во 2014 година. Руската анексија на Крим не е меѓународно призната.