Рохани: САД избраа погрешен пат

62

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД избрале погрешен пат со повторното воведување на санкции кон Иран.

– Американците дефинитивно ќе бидат поразени на тој пат. Ако тие се искрени и ако им значи регионалната стабилност тие не би тргнале по тој пат. Да се искрени и да го почитуваат иранскиот народ, не би тргнале по тој пат – истакна Рохани.

Тој додаде дека Американците се озлогласени во светот и кон иранскиот  народ.

– На сите им е јасно дека некоректните и свирепи санкции на Америка ќе го оштетат драгиот и чесен народ на нашата земја – посочи Рохани.

Американските санкции се однесува на транспортниот, финансискиот и енергетскиот сектор на Иран. Тоа е втор пакет санкции откако претседателот  Доналд Трамп ги повлече САД од Мултилатералниот договор со Иран  во мај годинава.

Вашингтон на 5 ноември повторно воведе санкции со цел да го принуди Иран да ги стопира нуклеарната програма и развојот на балистички ракети, како и да ја прекина поддршката на силите кои се борат во Сирија, во Ирак, во Либан и во Јемен.