Рохани: Иран нема да подлегне на притисокот на САД

52

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска остро го критикуваше повлекувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор со Иран, порачувајќи дека Иранците нема да подлегнат на притисокот на САД туку ќе ја бранат својата независност и исламските вредности.

Во говорот, кој во живо беше пренесуван од иранската државна телевизија, Рохани рече дека постапката на Трамп, кога се работи за меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран, е „ужасна и незаконска“ и дека и наштетила на глобалната репутација на Америка.

Иран, нагласи Рохани, го задржува правото да го збогати ураниумот во мировни цели.