Романската премиерка во писмо до Јункер ја оправдува употребата на сила против демонстрантите

262

Премиерката на Романија Виорика Данчила испрати писмо до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во кое ја оправдува употребата на сила против демонстрантите за време на антивладините протести, кога интервенираа полициски сили, а беа повредени повеќе од 450 луѓе. 

Таа тврди дека други политичари,  вклучително и претседател Клаус Јоанис, се обидуваат „насилно да ја отстранат легитимната влада”.

Нејзиниот прв коментар за протестите уследи откако портпаролот на ЕУ, Кристијан Шпар вчера рече дека „мирните протести завршиле со  насилство и дека насилството никогаш не може да биде решение во политиката”.

Данчила во писмото до Јункер вели дека демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу владините канцеларии, а полицијата, во согласност со законот, да одговори на насилството.

Романската специјална полиција се соочува со обвинувања за пречекорување на овластувањата на мирните протести на 10 август. 

Повеќе од 200 кривични пријави се поднесени против полицијата, а романската премиерка вели дека властите ги испитуваат овие наводи.