Ризичната пловидба во Конго повторно платена со скапа цена

49

Властите во западниот дел на Конго објавија дека најмалку 30 лица загинале, а 200 се исчезнати кога бродот потонал во езерото Маи Ндомба.

Градоначалникот на Инонго рече дека повеќето патници биле наставници и дека патувале со брод за да ги подигнат платите, бидејќи патиштата во областа биле во ужасна состојба, објави АП.

Засега не е познато колку луѓе имало на бродот што потона во саботата вечер поради лошите временски услови. Се претпоставува дека на бродот имало неколку стотици патници, од кои 170 успеале да се спасат.

Пловењето со брод е еден од најчестите начини на транспорт во африканската држава, бидејќи илјадниците километри водни патишта ги поврзуваат областите каде што има отстуство на патишта. 

Но, бродските несреќи се честа појава, како последица на преоптоварувањето на пловилата и нивната дотраена состојба. Голем дел од бродовите затоа се опремени со елеци за спасување. 

Десетици луѓе загинаа во бродска несреќа во Конго која се случи минатиот месец.