Ривалите ја одбија понудата на Нетанјаху за широка владејачка коалиција

58

Центристичкиот сојуз „Сино-бели“ на Бени Ганц денеска ја одби понудата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за формирање на широка владејачка коалиција.

– Нема да влегуваме во коалиција предводена од Нетанјаху – изјави Моше Јалон, претставник на партијата.

Нетанјаху претходно ја навести можноста за ротирачко претседавање на Владата со Ганц, откако го повика да формираат широка коалиција.