Речиси 4,6 милиони одговориле на анкетата за потребата од летно и зимско сметање на времето

145

Речиси 4,6 милиони граѓани и организации придонеле со свои одговори во јавната консултација на Европската комисија за сметањето на летното време.

Врз основа на резултатите на оваа консултација Европската комисија ќе одлучи дали е потребно да се поднесе нова директива за промена на сезонското сметање на времето во Европа.

Европската Комисија својот став ќе го соопшти за неколку недели.

На 4 јули, Европската комисија почна анкета за тоа прашање.

Во неа, испитаниците можеа да кажат дали сакаат да се укине таа практика со поместување на стрелите за еден час напред во периодот од март до октомври.