Речиси 400 милијарди долари штета од војната во Сирија

45

Војната што почна пред повеќе од седум години во Сирија причини штета од околу 400 милијарди долари, соопштија Обединети нации.
Процената на ОН е објавена по состанокот на повеќе од 50 сириски и меѓународни експерти во Бејрут, организиран од Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЦЕСАО). ЦЕСАО наведува дека разурнувањето во Сирија чини повеќе од 388 милијарди долари, но во сумата не се опфатени „човечките загуби“, односно луѓето убиени во борбите или загубите поради раселување на населението. Повеќе од половина сириски жители ја напуштија земјата или се внатрешно раселени лица во изминатите седум години. Според некои процени, досега во војната се убиени над 350.000 лица.