Речиси 200 илјади Сиријци се вратиле во татковината од Турција

53
Фото: Илустрација

Околу 200.000 Сиријци мигранти се вратиле во државата по престој во Турција. Тоа го изјави Атај Услу, пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот и претседател на Комисија за миграција и адаптација при турскиот Парламент.

Според него, се очекува вкупно околу 60-70 отсто од Сиријците кои се во Турција да се вратат во својата татковина. Тој додаде дека политиката на Турција кон сириските мигранти е насочена кон тоа прво да биде гарантиран мир во Сирија и тие да може да се вратат мирно во домовите од кои биле прогонети за ради војната.

Најголем број Сиријци се вратиле дома во регионите Џераблус, Африн и Ал Баб кои се прочистени од терористите во операцијата на турската армија.