Републиканците бараат судењето на Трамп во Сенатот да се одложи за февруари

65

Републиканците во американскиот Сенат ги повикуваат демократите да го одложат почетокот на судењето за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп за февруари, пренесува Би-би-си.

Републиканците велат дека Трамп со одложувањето ќе има време за да ја подготви својата одбрана.

Трамп веќе беше отповикан во Претставничкиот дом за поттикнување смртоносни немири во американскиот Капитол, со што е отворен патот да му се суди на Трамп во Сенатот.

Доколку биде осуден, може да му биде забрането да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, го разгледува барањет на републиканците.

Некои демократи го поддржуваат одложувањето тврдејќи дека Сенатот ќе има повеќе време да ја потврди новата администрација, а други велат дека е потребно брзо судење за земјата да продолжи напред.

Во средиштето на судењето на Трамп ќе бидат неговите потези пред нападот на Капитол на 6 јануари во кој загинаа пет лица.

Тој ги повика демонстрантите во близина на Белата куќа мирно и патриотски да го кренат својот глас додека се подготвуваат да маршираат кон Капитол.