Расте бројот на загинати во Бејрут, околу 5.000 се повредени

213

Либанскиот министер за здравство изјави дека е зголемен бројот на починати во разорната експлозија во пристаништето во Бејрут на 135 и дека околу 5.000 луѓе се повредени.

Министерот Хамад Хасан рекол дека сè уште одреден број луѓе се водат како исчезнати и дека овој број на настрадани не е конечен, објави Би-би-си.

Претходно денеска министерот објави дека во експлозијата која се случи вчера, загинале 113 луѓе.

– Сигурно има уште луѓе под урнатините и добиваме десетици пријави за исчезнати – рекол министерот.

Две големи експлозии вчера срамнија со земја поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанскиот главен град.