Расте бројот на жртви од ураганот „Мајкл“ во САД

28

Бројот на жртви во САД од ураганот Мајкл е 16, соопштија американските власти. Спасувачките тимови почнаа да ги пребаруваат најтешко погодените места во Флорида. Пристапот до нив е скоро невозможен поради опустошените делови, јавија американски медиуми.

Тројца загинати се во Мариана, во округот Џексон. Се очекува да се зголеми бројот на загинати бидејќи нема информации за загинати од крајбрежните населени места како Мексико Бич, Порт Сеинт Џо и Панама на Флорида. Тие се најтешко погодени од ураганот.