Растат тензиите по нападите врз саудиската рафинерија

227

Тензиите во Персискиот Залив не стивнуваат по нападите со дронови врз рафинерија и нафтено поле во Саудиска Арабија. Некои американски претставници директно го обвинија Иран за нападите, но претседателот Доналд Трамп повтори дека ќе ја почека истрагата од официјален Ријад, пред да донесе одлука за одговорот на САД. Трамп сугерираше дека САД немаат конечен доказ, порачувајќи дека ќе го испрати државниот секретар Мајк Помпео во истрага во Ријад. Од друга страна, Техеран негира вмешаност во нападите, а врховниот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи порача дека Иран никогаш нема да преговара со САД, и оти американската политика за максимален притисок ќе пропадне.