Ранет полицаец во Москва, убиен напаѓачот

101

Вооружен маж отвори синоќа оган врз полицајци во центарот на Москва, и притоа рани еден полицаец.

Според рускиот Истражен комитет, „маж отворил без причина оган врз полицајци кои биле на служба и минувале крај него во близина на Министерството за надворешни работи“.

Полицајците одгвориле на огнот, го раниле напаѓачот кој починал од повредите во болница.  Нападнатите полицајци се дел од полк на специјалните сили кои се задолжени за обебзедување на странски дипломатски мисии во Русија.