Ракета погоди куќа во Ирак, загинаа три деца и две жени

57

Најмалку пет лица, меѓу кои три деца, беа убиени кога ирачки милитантни групи истрелаа две ракети „каќуша“, кои погодија куќа во Багдад. Информацијата ја соопшти ирачката армија.

Според изјавата, три деца и две жени биле убиени, додека уште две деца биле повредени во нападот, пренесува „Ројтерс“.

Неименувани полициски извори соопштија дека целта била аеродром во Багдад. Ова е првпат по неколку месеци да бидат убиени цивили во нападот, додава АП.

Според официјалните лица, ракетата била истрелана од населбата Ал-Џихад во Багдад.

Нападот е последен во низата ракетни и минофрлачки напади на американското присуство во Ирак, вклучувајќи ја и Амбасадата на САД во Зелената зона.