Радиоактивен облак во зоната на рускиот град Северодвинск

50

Руската државна метеоролошка агенција соопшти дека открила радиоактивни изотопи на стронциум, бариум и лантан во примероците испитани по несреќата за време на тестот на ракетниот мотори во северниот дел на Русија.

Облакот на радиоактивни инертни гасови е создаден како резултат на распаѓање на изотопите и предизвикал кратко зголемување на зрачењето во градот Северодвинск, пренесува „Ројтерс“.

Како што наведува агенцијата, руските власти признале дека експлозијата во базата за лансирање ракети, во која загинаа пет лица, била нуклеарна.