Пјонгјанг: Преговорите за денуклеаризација можат да доживеат неуспех

98

Севернокорејски претставници испратија писмо со предупредување до САД дека преговорите за денуклеаризација „повторно се доведени во прашање и можат да доживеат неуспех“.

Писмото било адресирано директно до американскиот државен секретар Мајк Помпео и во него се наведува дека Северна Кореја оценува оти преговарачкиот процес не бележи напредок.

– САД се уште не се подготвени да одговорат на очекувањата на Пјонгјанг во врска со прашањето за потпишување мировен договор – пишува во писмото.

Северна Кореја одамна тврди дека склучувањето мировен договор е од клучно значење за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Весникот „Вашингтон пост“ вчера објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја откажал посетата на Помпео по добиеното писмо од висок севернокорејски претставник, само неколку часа по најавената посета минатата недела.

Си Ен Ен тврди дека писмото било испратено од поранешниот шеф на севернокорејското разузнавање Ким Џонг-хол, но не е познато преку кои канали. Според американската телевизија, во писмото се наведува дека доколку не биде постигнат компромис и преговорите не успеат, тогаш Северна Кореја може да ги обнови „нуклеарните и ракетни активности“.