Путин: Четвртата светска војна ќе се води со стапови и камења

239

Не знам со какво оружје ќе се води Третата светска војна, но Четвртата ќе се води со стапови и камења, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин во традиционалната годишна програма „Директна линија со рускиот претседател“.

Тој смета дека евентуална Трета светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото.

– Немаше глобални судири бидејќи во светот има стратешки паритет. Без оглед колку тоа звучи непријатно – стравот од меѓусебно уништување ги спречувал и присилувал воените сили меѓусебно да се почитуваат – нагласи Путин.

Тој вели дека е време да се седне на преговарачка маса и да се направи модерна шема на европската и меѓународна безбедност.