Путин: Русија ќе одговори на повлекувањето на САД од ИНФ

145

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Кремљ ќе одговори доколку САД се повлечат од Договорот за нуклераните сили со среден дострел (ИНФ).

– Јасно е дека повлекувањето на САД не може да помине без наш одговор, истакна Путин.

Тој за одговорот на Москва денеска разговараше со највисоките претставници на руското Министерство за одбрана.

– Путин истакна дека за ИНФ е подготвен да разговара и со Вашингтон.