Путин: Помина времето кога САД и Русија одлучуваа за сѐ

717

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека времето кога САД и Русија одлучувале за сѐ е минато.

Тој изрази подготвеност да разговара и со други земји за глобалните проблеми, ако се јави таква потреба.

Путин истакна дека Кина и Германија се движат кон статус на суперсили во смисла на своето политичко и економско влијание, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.

Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември, Путин вели дека се надева оти новата администрација ќе биде подготвена за дијалог за безбедност и контрола на нуклеарното оружје.

Путин предупреди дека нема да има иднина без систем за контрола на оружјето и додаде дека безбедноста на Русија нема да страда без договор за контрола на оружјето.

Исто така, рускиот претседател ги повика Соединетите држави да и помогнат на Русија да постигне решение за конфликтот во Нагорно-Карабах, каде, според Путин, загинаа околу 5.000 луѓе.

– Има многу жртви, повеќе од 2.000 од секоја страна – рече Путин.